Македонија ќе биде вклучена во Јужен тек, но како крак, а не како транзит земја. Ние добивме од руската Влада предлог договор за да потпишеме меѓудржавен договор меѓу Русија и Македонија и тоа е најголемата потврда дали Русија планира да ја вклучи Македонија во Јужен тек. Ние дадовме одговор со наши предлози во однос на делови од тој договор. Штом на руска страна биде завршен и финализиран ќе биде предложен за конечно потпишување. Bлезот на Јужен тек во Македонија е голем успех за земјата, која за идните генерации ќе донесе стабилност во испораката на гас за стопанството, како и на цената на гасот што ќе се плажа во иднина. Како што покажуваат анализите на "Газпром" Македонија ќе биде приклучена со крак и некои други земји на идентичен начин ќе бидат приклучени, што значи дека потоа треба да се определи кој е економски најисплатлив начин, тој крак да се изведе.
Македонија ќе биде вклучена во Јужен тек, но како крак, а не како транзит земја, потврди во вторник министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески.
„Ние добивме од руската Влада предлог договор за да потпишеме меѓудржавен договор меѓу Русија и Македонија и тоа е најголемата потврда дали Русија планира да ја вклучи Македонија во Јужен тек. Ние дадовме одговор со наши предлози во однос на делови од тој договор. Штом на руска страна биде завршен и финализиран ќе биде предложен за конечно потпишување", рече Ставрески, прашан зошто Македонија ја нема на мапата на Јужен тек, ни со испрекинати линии.
Според него, влезот на Јужен тек во Македонија е голем успех за земјата, која за идните генерации ќе донесе стабилност во испораката на гас за стопанството, како и на цената на гасот што ќе се плажа во иднина.
„Како што покажуваат анализите на `Газпром` Македонија ќе биде приклучена со крак и некои други земји на идентичен начин ќе бидат приклучени, што значи дека потоа треба да се определи кој е економски најисплатлив начин, тој крак да се изведе", рече Ставрески.
Појасни дека експертите треба да одлучат дали е најисплатливо да биде паралелен на постоечкиот гасоводен систем, или да се искористи постоечкиот и да се прошири капацитетот преку Бугарија, или тоа да се направи преку Србија за да се обезбеди од друга страна дополнителен влез на гас во Македонија.
„Кога се гради гасовод, се гради за следните 50 години, не се гради за актуелната состојба. Во тие разговори со Газпром ние дадовме податоци за тоа кои се потенцијалните капацитети и стопански и енергетски капацитети и енергетски проекти кои ќе се градат во следниот период, со цел да се направи проценка колкава е потребната количина на гас во Македонија и во тој дел влегуваат и нови енергетски капацитети, но и приклучувањето на стопанството и граѓаните преку дистрибутивната мрежа", рече Ставрески.
За тоа зошто Македонија не е транзит земја, Ставрески рече дека тоа е прашање за кое одлучуваат инвеститорите, односно Газпром.
„Тие го конципираат коридорот врз основа на најекономичното решение за нив за да се однесе гасот до Европа. Тоа што го избрале како решение е нивно, на кое ние не можеме да влијаеме. Тоа што можевме да го направиме беше сè за Македонија да не биде надвор од овој значаен транспортен коридор на гас и тоа го направивме успешно", рече Ставрески.
Нашиот северен сосед Србија доби статус на транзит земја за гасоводот Јужен тек и очекува од тоа годишно да заработува 200 милиони евра и да вработи околу 2.000 луѓе.